петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Формула 1 ќе се вози во САД до 2026 година

Формула 1 ќе се вози во САД до 2026 година

Раководството на Формула 1 шампионатот потврди дека трката за Големата награда на Соединетите Американски држави (САД) ќе се вози на патеката во Остин до 2026 година.

Во претходната сезона во Остин имаше околу 400.000 навивачи, кои ја гледаа првата победа на Макс Ферстапен во Америка.

„Воодушевени сме од тоа што го продолживме договорот пред возбудливата сезона. Сакам да се заблагодарам на промотерите за посветеноста и ентузијазмот кон Ф1, поради што расте интересот за нашиот спорт во САД. Остин е одличен град, а патеката е омилена на сите возачи“, кажа првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали.