Раководството на Формула 1 објави дека на 21 ноември ќе се одржи трка за Големата награда на Катар. Трката во градот Лосаил ќе заземе празно место во натпреварувачкиот календар за сезоната 2021 година.
Покрај тоа, Катар потпиша десетгодишен договор со Формула 1. Соработката е со важност од 2023 година.
Распоред на завршниот дел од сезоната-2021 година во Формула 1:
Гран при на Турција – 10 октомври
Гран при на САД – 24 октомври
Гран при на Мексико Сити (Мексико) – 7 ноември
Гран при на Сао Паоло (Бразил) – 14 ноември
Гран при на Катар – 21 ноември
Гран при на Саудиска Арабија – 5 декември
Гран при на Абу Даби – 12 декември.