Трката во Формула 1 за Големата награда на Катар ќе се одржи на 21 ноември во Доха, објави управата на натпреварувањето. Тоа ќе биде прва трка во Формула 1 во Катар, а од 2023 година ќе биде на редовниот натпреварувачки календар, откако беше потпишан 10-годишен договор со организаторите.
Постоеше силна волја Катар да и помогне на Формула 1 и за време на тој процес беше дискутирано и договорено 10-годишно партнерство. Чекорот од гест за помош до долгорочна стратегија беше краток и едноставен, а визијата за Формула 1 да го претставува Катар, по Светското првенство „во 2022 година“ беше движечката сила зад овој долгорочен договор, се вели во соопштението.