сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Бодрете ја Македонија, почна продажбата на билети – одбојкарски великани доаѓаат во Скопје

ФОТО: Бодрете ја Македонија, почна продажбата на билети – одбојкарски великани доаѓаат во Скопје

Почна продажбата на билети за Европското првенство во одбојка во машка конкуренција на кое Македонија ќе биде коорганизатор.

Првенството ќе се одржи во периодот од 30-ти август до 6-ти септември, а во арената „Борис Трајковски“ ќе гостуваат великанот на светската одбојка Полска, поранешниот олимписки првак Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора.

-Сегашната генерација во македонската репрезентација ќе има чест и привилегија третпат по ред да игра на континентален собир, но посебноста е во тоа што овој пат ќе настапува пред своја публика, иако очекувањата се дека ќе има и значителен број странски навивачи. Покрај ОФМ, денеска билетите во продажба ги пушти и Бугарија, а Италија и Израел тоа ќе го направат подоцна, велат од ОФМ.

На следните линкови може да ги обезбедите билетите за натпреварите во Скопје: