недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Бутел подготвен за еуфорично следење на финалната борба на Георгиевски за олимписко злато

ФОТО: Бутел подготвен за еуфорично следење на финалната борба на Георгиевски за олимписко злато

Дејан Георгиевски, македонскиот таеквондо претставник на Олимписките игри во Токио во 14:45 часот ќе ја одигра финалната борба за олимписко злато.

Нашиот Дејан во финалето ќе се сретне со Русинот Владислав Ларин кој важи за фаворит. По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри, а Дејан ќе се врати дома со сребро или злато.

Оваа борба организирано се следи во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Бутел каде Дејан ја започнува својата спортска приказна.