понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФОТО: Олимпијците се жалат на храната која ја добиваат, руска биатлонка објави фотографија од оброците

ФОТО: Олимпијците се жалат на храната која ја добиваат, руска биатлонка објави фотографија од оброците

Спортистите кои се натпреваруваат на зимските Олимписки игри во Пекинг го изразуваат своето незадоволство на социјалните мрежи поради храната која се служи во Олимпиското село.

Руската биатлонка Валерија Васњецова пред неколку дена на социјалните мрежи објави фотографија од оброкот кој го добиле посочувајќи дека тоа неа веќе со денови и е појадок, ручек и вечера.

Како што објаснува со денови добива обични тестенини, јагленисано месо со коски, сос до портокал, а зеленчук воопшто и да нема.

-Стомакот ме боли, бледа сум и имам големи црни кругови околу очите. Сакам ова да заврши. Секој ден плачам. Многу сум уморна. Ослабев, коските ми се гледаат. Не можам да јадам ништо друго, не знам ништо за своите ковид тестови, пишува спортистката.

Освен на хранатам олимпијците се зажалат и на екстремно ниските температури за време на натпреварувањата, неразумните ковид правила, лошиот интернет….