вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Франција и Словенија први полуфиналисти на ЕП во одбојка

Франција и Словенија први полуфиналисти на ЕП во одбојка

Словенија успеа да се пласира во полуфиналето на Европското првенство во одбојка, совладувајќи ја во тесни четири сета Украина со 3:1 (25:17, 31:29, 21:25, 25:23), за да обезбедат пресметка со подобриот од мечот Полска-Србија во борба за финале.

Клемен Цебуљ со 17 поени, Рок Можич со 16 и Тине Урнаут со 13 ги предводеа Слвенците до победа, додека кај Украинците, Василиј Тупчиј имаше 30 поени.

Во полуфиналето е и Франција по убедливата победа со 3:0 (25:22, 25:14, 27:25) над Романија, и сега го чекаат подобриот од мечот Италија-Холандија во второто полуфинале.