петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Гасли најбрз пред Саинц и Леклер на првиот официјален тест во Бахреин

Гасли најбрз пред Саинц и Леклер на првиот официјален тест во Бахреин

Формула 1 сезоната и официјално започна со првиот „отворен“ тест-ден. Иако веќе се возеа тестови и анализи во Барселона, истите беа без директен пренос и важеа за неофицијални, но денес и во следните два дена во Бахреин ќе се одржи официјалното тестирање на болидите.

Најконстантни во пред-сезоната се покажаа Леклер и Саинц од Ферари, но ништо сè уште не се знае.

Четврто најбрзо време имаше Ленс Строл пред Алекс Албон, Норис, Ботас, Фетел, Расел, Перез, Хамилтон, Алонсо, Окон, Гуанжу и Фитипалди. Неколку возачи не се појавија на денешната програма, шампионот Макс Верстапен, Рикиардо, Мик Шумахер и Кевин Магнусен, како и Јуки Тсунода.

Новата сезона во Формула 1 стартува следниот викенд, со трката за Големата награда на Бахреин.