сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ГЕОРГИЕВСКИ НА ЧЕКОР ДО ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ: Таеквондистот Дејан се пласираше во полуфиналето

ГЕОРГИЕВСКИ НА ЧЕКОР ДО ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ: Таеквондистот Дејан се пласираше во полуфиналето

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето, категорија +80 килограми Олимпискиот турнир во Токио.

Откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, Георгиевски патот кон олимпискиот медал го продолжи и со победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.

Георгиевски по три одиграни рунди и резултат од 9:4 продолжува со натпреварите. Воведните две минути поминаа во тактичка борба и без освоен бод на двете страни. Борбата се разгори во втората рунда која ја доби македонскиот претставник со 3:1. Во третата рудна Георгиевски доминираше и стигна до триумф.

Во полуфиналето ќе се сретне со таеквондистот Ин од Кореја. Оваа борба е закажана за 9:45 часот по македонско време.