Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по победата над Јапонецот Кеи Нишикори на турнирот во Мадрид ги демантираше гласините дека Борис Бекер се враќа во неговиот тим.
– Не, Борис и јас се разидовме и во моментов сме на различни патишта. Засега сум задоволен со тимот што го имам, истакна Ѓоковиќ.
Бекер беше дел од тимот на Ѓоковиќ во периодот од крајот на 2013 година до крајот на 2016 година.