Грција се повлече од натпреварувањата во уметничко пливање на Игрите во Токио, откако четири нејзини спортистки се позитивни на Ковид-19, објави денеска Грчкиот олимписки комитет (ХОЦ).
Една од пливачките била позитивна на коронавирус во понеделникот, а уште три други добиле позитивен тест во вторникот, поради што сите се изолирани во карантин.
Организаторите на Олимписките игри соопштија денеска за нови 18 позитивни случаи на коронавирус.
Со тоа, вкупната бројка на заразени случаи поврзани со Олимписките игри се искачи на 294.