Дејан Георгиевски и Филип Додевски се најсериозни кандидати за обезбедување медал од Европското првенство во олимписко Таеквондо кое во моментов се одржува во Софија.
Георгиевски и Додевски ќе се натпреваруваат во Недела на 11ти Април, иако конкуренцијата е пеколна, во нивните категории има олимписки, светски и европски пампиони, тие се нашите адути за остварување врвен спортски резлутат на ова ЕП.
Георгиевски и Додевски се освојувачи на медали од ЕП, Георгиевски злато и сребро од ЕП , две бронзи од ЕП У21, Додевски злато од ЕП клубско, и бронза од ЕП У21.
Македонското олимписко таеквондо е во самиот светски крем на овој олимписки спорт, очекувањата се реални согласно досегашните резултати и од тука може да посакаме среќа и без повреди репрезентативците да ги пречекаме со медали.