петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Грција и Унгарија во финалето на Светското првенство во ватерполо

Грција и Унгарија во финалето на Светското првенство во ватерполо

Во првото полуфинале на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, ватерполо репрезентацијата на Грција со 13:7 ја совладаа Србија.

Грците за првпат во својата историја обезбедија мундијалско финале, досегашни најголеми успеси им се трите бронзи освоени во 2005, 2015 и 2022 година.

Унгарија е вториот финалист на СП откако со минимален резултат 12:11 триумфираше против Шпанија.

Унгарците ќе ја бркаат својата четврта светска титула, претходно беа „златни“ во 1973, 2003 и 2013 година.

За два дена ќе се игра и мечот за третото место, селекциите на Србија и Шпанија до сега имаат по една бронза на светските првенства.