вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Халеп го откажа настапот на Игрите во Токио

Халеп го откажа настапот на Игрите во Токио

Третата тенисерка на ВТА листата, Романката Симона Халеп, објави денеска дека нема да настапи на претстојните Олимписки игри во Токио.

Поради минатомесечната повреда на мускулот на Мастерсот во Рим, романската тенисерка го пропушти Ролан Гарос, а го откажа и настапот на Грен-слем турнирот во Вимблдон.

– За мене нема поголема гордост од тоа да ги бранам боите на Романија, но, за жал сè уште закрепнувам од повредата поради што морам да се откажам од Олимписките игри, објави Халеп на својот Твитер профил.

Претходно, настапот на Игрите во јапонската престолнина го откажаа Американката Серена Вилијамс, Шпанецот Рафаел Надал и Австријанецот Доминик Тим.