Денеска од 18 часот се возат квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија, во Ријад. Иако пополноќ возачите и тимовите имаа четричасовен состанок, поради тоа што на само 30 километри од Ријад имаше бомбардирање, одлучено е овој викенд да се вози.
А квотите во Sport Life на седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон му даваат уште помали шанси од Македонија против Португалија, па и Италија.
За Британецот да биде на пол-позиција има неверојатна квота од 25, додека далеку пред него се актуелниот првак, Макс Ферстапен кој има квота од точно 2, како и Шарл Леклерк за кого е 2.50.
Дури и вториот возач на Ферари, Карлос Сајнц има поголеми шанси барем според квотите (7.00) дастартува од лидерската позиција.