Адам Џонсон, хокеар од САД, почина по една од најтешките несреќи што се случиле во поновата историја во светот на спортот.
Џонсон, хокеар на Нотингем Пантерс, го бркал пакот за време на натпревар во хокеј во британската елитна лига, кога играч на Шефилд Стилерс го удрил со лизгалката во врат.
Судијата веднаш му пријде на повредениот Адам, а додека го напуштал лизгалиштето зад себе оставал крвави траги.
Иако веднаш бил префрлен во болница, 29-годишниот хокеар не можел да се спаси.
-Адам, нашиот играч со број 47, не само што беше врвен хокеар, туку и одличен соиграч и неверојатна личност, која го имаше целиот свој живот пред себе, се вели во соопштението на клубот.
The Nottingham Panthers are truly devastated to announce that Adam Johnson has tragically passed away following a freak accident at the game in Sheffield last night. pic.twitter.com/lhSOkDu03Q
— The Nottingham Panthers (@PanthersIHC) October 29, 2023
Натпреварот беше прекинат по овој настан, а колку е сериозна ситуацијата покажува одлуката на организаторите да наредат итна евакуација на луѓето од салата за да се избегне нова трагедија, бидејќи на голем број од присутните по глетката им се слошило. . На трибините во тој момент имало 8.000 луѓе.
Полициската истрага е во тек.
Предупредување: Видео снимката од несреќата е со вознемирувачка содржина.