понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хонда може да ја купи Алфа Таури пред 2026 година

Хонда може да ја купи Алфа Таури пред 2026 година

Хонда ја извести ФИА за својата намера да се врати во Формула 1 од 2026 година. Jапонската фирма има различни опции за враќање.

Компанијата го напушти шампионатот на крајот од сезоната 2021 година, иако продолжува да работи со Ред Бул и Алфа Таури.

Во 2026 година, според „Autosport“, Хонда би можела да стане само производител, но разгледувани се и други опции во последните денови. Една од нив е соработката со Алфа Таури, која може да стане фабричка екипа на Хонда, па дури и стекнување на тимот во своја сопственост.

Изданието, исто така, ја потврдува информацијата дека Форд би можел да стане снабдувач ос мотори во Ред Бул, како што објави германскиот печат во ноември.