петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хорхе Мартин победник на трката за Големата награда на Тајланд

Хорхе Мартин победник на трката за Големата награда на Тајланд

Хорхе Мартин забележа двоен триумф во Бурирам, откако претходно победи во спринтот, а воедно ја оствари и четвртата победа сезонава.

Исто така, Шпанецот испиша нови страници од историјата за „Дукати“, италијанскиот тим сега има триумфи на секоја патека од календарот.

Мартин ја помина целта со десетинка предност пред Бред Биндер од „КТМ рејсинг“, но, бидејќи излета од патеката, Јужноафриканецот беше преместен на третото место, па така второто место му припадна на бранителот на титулата Франческо Бањаја.

Бањаја има 13 бода предност пред Мартин на три трки пред крајот на сезоната, а следната ќе се вози на 11 ноември за ГН Малезија на патеката Сепанг.