вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Хорхе Мартин триумфираше и му се доближи на лидерот Банаја

Хорхе Мартин триумфираше и му се доближи на лидерот Банаја

Шпанецот Хорхе Мартин победи на петтиот едноподруго спринт во Мото ГП шампионатот по триумфот на ГП на Тајланд.

Серијата на „Мартинатор“започна на „Мизано“, а триумфираше уште на спринтерските трки во Индија, Јапонија, Индонезија. Минатата седмица во Австралија спринтот не се одржа поради лошите временски услови на „Филип Ајленд“.

Со победата Мартин успеа да „стопи“ третина од дефицитот во однос на лидерот Франческо Банаја во борбата за светската титула. Шампионот денеска заврши седми.

Пред утрешната главна трка на „Бурирам“, Банаја има предност од 18 поени пред Мартин. На 72 поени зад Банаја е Марко Безеки кој денеска заврши на шестата позиција.

Инаку втор на спринтерската трка заврши Брад Биндер, а трет Лука Марини.