недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ИЏЕ ШАМПИОНСКИ ПОБЕДИ НА ДВЕ ТРКИ ВО ШВАЈЦАРИЈА Го развиори македонското знаме

ИЏЕ ШАМПИОНСКИ ПОБЕДИ НА ДВЕ ТРКИ ВО ШВАЈЦАРИЈА Го развиори македонското знаме

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на трката на патеката Сент Урсан во Швајцарија, во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Стефановски со својот „хјундаи беше најдобар по двете трки во Швајцарија. На првата трка го освои првото место и постави нов рекорд, а денеска триумфираше на втората со 5,6 секунди подобро време од второпласираниот тркач.

На две трки до крајот на Европскиот шампионат на ридски патеки македонскиот автомобилист е лидер во Генералниот пласман.

Информацијата за својата победа Иџе ја објави на својот фејсбук-профил. Тој постираше фотографија со развиорено македонско знаме качен на својот автомобил.