вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Игор Стефановски – Иџе пред историска шанса за нов европски пехар

Игор Стефановски – Иџе пред историска шанса за нов европски пехар

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе овој викенд ќе настапи на последната трка од Европскиот шампионат во ридски патеки во Бузет, Хрватска.

Македонецот ќе се обиде повторно да биде подобар од конкуренцијата и да ја освои европската титула.

„Ова е последна трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. За мене е историска шанса за освојување на европската титула. Моја цел е освојување на тронот. Најголем ривал ми е Николас Вивер од Франција, кој вози одлично и со поддршка од тимот на Себастијан Лоеб“, кажа Иџе.