Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, запиша уште една победа на последната трка сезонава, која се возеше во Бузет, Хрватска, во рамки на Европскиот ридско-планински шампионат.
Сепак, овој триумф не беше доволен за првото место во генералниот пласман на целосното рангирање. Тој заврши второпласиран, со 166 бода, зад шампионот Антонино Миљуоло кој имаше 177 бода.
Стефановски наедно постави рекорд на патеката со вкупно време на двете трки од 5:13,189 часа, оставајќи го ривалот од Италија со повеќе од три минути зад себе.