Светскиот првак Пако Бањаја имаше тежок пад уште на стартот на трката, па после прекинот во кој заврши во болница, Алеиш Еспаргаро дојде до победа на домашното гранпри на Каталонија, на кое Априлја славеше историја – првпат има еден-два победа во Мото ГП.
Светскиот првак тргна од пол-позицијата, ама уште на стартот од трката после два свиока се случи голем инцидент, кога на него налета Брад Биндер и трката веднаш беше прекината, а Бањаја доби лекарска помош и беше прво пренесен во медицинскиот центар, а потоа и на клиника, каде според информаците бил во свесна состојба.
После рестартот, Еспаргаро дојде до победата пред Маверик Вињалес за историски успех на Априлја со прва еден-два победа, додека трет беше Хорхе Мартин