среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ита Швјонтек го освои турнирот во Рим

Ита Швјонтек го освои турнирот во Рим

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја одбрани титулата во Рим, откако во финалето беше подобра од Онс Жабер со 6-2 и 6-2.

Швјонтек доминираше од самиот почеток на мечот, а првиот сет го реши во своја корист благодарение на двата брејка кои ги направи.

Нејзината противничка имаше подобар почеток на вториот сет и можеше да ја врати резултатската неизвесност, меѓутоа Швјонтек одлично се движеше на теренот и успеа да ја задржи предноста.