недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Италија е нов светски одбојкарски шампион

Италија е нов светски одбојкарски шампион

Италија ја победи Полска во големото мундијалско финале во Катовице и стана нов светски одбојкарски шампион во машка конкуренција.

Стартот најави поинаков расплет, бидејќи Полска поведе со 1:0 во сетови, а водеше и со 3:0 во вториот сет, но Италијанците се разбудија навреме и не само што ја вратија неизвесноста во сетот, туку и го добија со 25:21.

Во продолжение следуваше целосен пресврт, во кој „азурите“ ги добија третиот и четвртиот сет со 25:18 и 25:20 за конечни 3:1 во големото финале на СП кое финишираше во Полска.

Левија со 19 поени бил предводник на новиот светски првак, додека Шливка освоил 12 поени за Полска во за него и соиграчите, загубеното големо финале.