вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Италијанка под истрага за користење за лажен сертификат за вакцина

Италијанка под истрага за користење за лажен сертификат за вакцина

Камила Џорџи се наоѓа под истрага, откако против неа е започнато обвинение за прекршување на безбедносните мерки во врска со коронавирусот.

Италијанката се терети дека користела лажни потврди за вакцинација, за влез во Канада. Според најавите, Џорџи добила лажен сертификат од лекар кој е против вакцините, а се зборува дека од него купувале и од други познати личности.

Тенисерката која се наоѓа на 67. место на ВТА ранкингот наводно го користела тој сертификат за да влезе во земји кои имаа рестрикции. Сега повеќе случајот не е таков, меѓутоа ако се потврдат наводите би можела да добие жестока казна.

Џорди во својата кариера има три титули, додека најдобриот пласман го имаше во 2018 година кога беше на 26-то место на ранг-листата.