сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Јапонија ќе ја засили контролата над спортистите од шест земји пред Олимписките игри

Јапонија ќе ја засили контролата над спортистите од шест земји пред Олимписките игри

Спортисти од Индија, Пакистан, Непал, Шри Ланка, Малдиви и Авганистан ќе бидат засилено тестирани на коронавирус пред да влезат во Јапонија за да учествуваат на Олимписките игри, објави весникот „Јомиури“. Токму во овие земји е забележано широко распространето ширење на сојот Делта коронавирус. Мерката ќе стапи на сила на 1 јули.

Спортистите ќе прават тестови на коронавирус секој ден, една недела пред да летаат во Јапонија. Исто така, во овој период, како и три дена по пристигнувањето во Јапонија, им е забрането да контактираат со некој друг, освен со тренери и соиграчи.

Останатите тимови треба да поминат два теста на коронавирус 96 часа пред да заминат за Јапонија.

За потсетување, Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година. Сепак, поради пандемијата, беа одложени за една година и ќе се одржат од 23 јули до 8 август без странски навивачи.