Македонскиот тенисер Томислав Јотовски без многу проблеми со 2-0 во сетови денеска во меч од 2.коло го совлада Мохамед Али Белалуна од Тунис и се пласира во четвртфиналето. Тој на противникот му препушти само пет гема (6:2 и 6:3) за 64 минути игра.
Утре Јотовски ќе игра против Шпанецот Серхи Перез Контри, кој по три часа игра го победи Јапонецот Шунсуке Вакита со 2-1 во сетови. Шпанскиот тенисер има 19 години и се наоѓа на 1.055 место на АТП листата.
Во игра на двојки Јотовски заедно со Милош Николиќ од Србија загубија во меч од 2.коло поуспешни од нив беа првите носители Марко Бортолоти и Јулиан Оцлепо. Тие двата сета ги добија со 7:6 (7:3) и 6:4 во гемови.