сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Франција

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на турнирот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со извонредните настапи на ИТФ турнирот што се одржува во Франција.

Тој успеа да се пласира во полуфиналето откако во два сета со 7:5 и 6:1 триумфираше над домашниот тенисер Александер Реко.

Ивановски кој на турнирот е поставен за трет фаворит во решавачкиот меч за пласман во финалето повторно за противник има играч од Франција.

Првиот македонски рекет во полуфиналето ќе се соочи со Гимар Вајенбург кој денеска успеа со 2:0 да го совлада Симон Бупен од Белгија препуштајќи му само еден гем.