среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Карлос Алкараз до титулата во Индијан Велс и прва позиција на АТП листата

Карлос Алкараз до титулата во Индијан Велс и прва позиција на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го победи Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Индијан Велс со резултат 6-3, 6-2, по само 72 минути игра.

Со оваа победа Алкараз се врати на врвот на АТП-листата, од кaдe го симна Новак Ѓоковиќ.Данил Медведев до овој дуел беше во голема победничка серија, ги освои турнирите во Ротердам, Доха и Дубаи, но вечерва не личеше на себе.

Алкараз еднаш го одзеде сервисот на Медвеев во првиот и двапати во вториот сет и не им понуди задоволство на фановите да гледаат долг меч.

На овој турнир, како и на наредниот во Мајами, не настапи Новак Ѓоковиќ заради забраната на Соединетите Американски Држави невакцинирани луѓе да влезат во границите на оваа земја.