Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и Норвежанецот Каспер Руд ќе играат во финалето на УС Опен. Моментно седмиот и третиот тенисер во светот ќе се сретнат во финалната пресметка, а победникот ќе ја добие титулата на УС Опен, огромни финансиски приходи од над два милиони долари и статус на светски рекет број еден.
Норвешкиот тенисер Каспер Руд се пласираше во финалето на УС Опен, откако во полуфиналето го совлада Русинот Карен Хачанов со 3:1 во сетови.Во сетови беше 7:6, 6:2, 5:7 и 6:2. Натпреварот траеше три часа и три минути.
Алкараз во второто полуфинале го победи американскиот тенисер Френсис Тијафо со 3:2 во сетови, 6:7, 6:3, 6:1, 6:7, 6:3.