четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Колку стомачни на ден треба да правите за да се ослободите од стомачното сало?

Колку стомачни на ден треба да правите за да се ослободите од стомачното сало?

Како дел од рутината на повеќето љубители на фитнесот се и стомачните, вежби кои ги активираат стомачните мускули и помагаат во согорување на стомачното сало. Токму затоа стомачните можат да бидат ефикасен алат за слабеење.

За да ги видите резултатите и избегнете повреди, важно е стомачните да ги правите правилно. За тоа не ви е потребна посебна опрема, освен подлога на која може да легнете.

Легнете на под, стапалата поставете ги на ширина на колковите и подигнете ги колената. Потпрете ги рацете на градите. Вдишете и соберете ги стомачните мускули, па издишете и кренете ја главата од подот. Полека вратете се во почетната положба.

Не постои точна формула со која може да пресметате колку сало може да согорите со стомачните. Тоа е уникатно за секоја личност и индивидуалното ниво на кондиција. Некои велат дека се потребни околу 500.000 стомачни за да се согори килограм сало иако други веруваат дека бројката е многу помала.

Во секој случај, здравите мажи во 20-тите или во 30-тите години со нормално ниво на мускулно и масно ткиво дневно можат да направат меѓу 100 и 200 стомачни, пишува Marca.

Жените на иста возраст можат да прават 150 до 250 стомачни дневно бидејќи за разлика од другите вежби, стомачните повеќе ги преферираат. Без оглед на целта, вкупниот број на стомачни кои ги планирате во текот на денот распоредете ги во повеќе сетови, советуваат експертите.