Турнирот во италијански Рим понуди големо изненадување, откако седмиот светски рекет Андреј Рубљев испадна од српскиот колега Филип Крајиновиќ.
Крајиновиќ важеше за аутсајдер на хартија, но одигра перфектен дуел и го совлада ривалот со 0-2 во сетови (2-6, 4-6).
Уште од стартот Србинот тргна одлично и направи два брејка во низа поради кои го доби првиот сет, додека во вториот доволен беше еден брјек за 1-2.
Крајиновиќ со оваа победа се пласира во осминафиналето и чека на својот ривал.