На Светското првенство во скијање во Куршевел и Мерибел со време 1:43.15 мин. триумфираше Канаѓанката Лоренс Сент Жермен, која за прв пат во кариерата се најде на подиумот во рамките од Светскиот куп.
Нејзин најдобар досегашен резултат беше петтата позиција во паралелен слалом, а пред две години во леви беше шестопласирана во класична трка.
Таа беше побрза од Американката Микаела Шифрин, која заврши втора со заостанување од 57 стотинки. Германската скијачка Лана Дуер заврши на третото место, со 69 стотинки зад најдобрата Сент Жермен. Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да го заврши првото возење.