Регионалната власт на шпанската престолнина Мадрид, со официјално писмо до претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали побараа градот да добие Формула 1 трка во иднина.
Шпанското ГП се оддржувана патеката „Каталуња“ покрај Барселона од 1991 година, но нивниот договор истекува во 2026 година.
Предлогот може да предизвика интерес во Ф1 откако трката во Барселона оваа сезона беше одбележана со проблеми со инфраструктурата – илјадниците фанови чекаа со часови да ја напуштат патеката.
„Мадрид нуди голем спортски и забавен спектакл. Ми претставува задоволство да ви пишам во име на владата на Заедницата на Мадрид за да го искажам нашиот интерес за Формула 1 ГП во Мадрид. Нашиот регион има фантастичен економски и социјален развој во последните неколку години и стануваме престижна дестинација“, се вели во писмото на општината.