четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Махачев го победи Волкановски и стана најдобар УФЦ борец

Махачев го победи Волкановски и стана најдобар УФЦ борец

Рано наутро се случи долгоочекувана борба помеѓу шампионот во лесната категорија, Ислам Махачев и шампионот во перо категорија австралискиот борецот со македонско потекло Александар Волкановски.

Во Перт, Австралија на УФЦ 284 се случи потенцијалната борба на годината. Мечот траеше сите пет рунди, но на крај Дагестанецот Махачев победи со едногласна одлука на судиите и успешно си ја одбрани својата титула.

Иако борецот со македонско потекло не ја губи својата титула во перо категорија оваа борба ја прекинува неговата серијата на 22 последователни победи.

Со крајот на овој настан Волкановски продолжува да се бори во перо категоријата со цел да си ја одбрани својата титула.