четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Волкановски го нокаутираше Родригез, па имаше тензично соочување со следниот предизвикувач: Ќе го разнесам! (ВИДЕО)

Волкановски го нокаутираше Родригез, па имаше тензично соочување со следниот предизвикувач: Ќе го разнесам! (ВИДЕО)

Александар Волкановски по петти пат во својата кариера го одбрани појасот на еден УФЦ настан, со што само уште еднаш покажа дека е неприкосновен „крал“ во перо категорија.

Борецот со македонско потекло не му даде никаква шанса на Јаир Родригез и брутално го патосираше во третата рунда, пред судијата да означи крај поради доминацијата на Волкановски.

„Александар Велики“ со голема сатисфакција ја славеше победата на УФЦ 290, но по финалната борба во перо категорија, имаше тензично соочување со човекот кој најверојатно ќе биде негов следен предизвикувач.

Се работи за Илија Топурија, со кого Волкановски очигледно има „нерасчистени сметки“ и кои најверојатно ќе сака да ги реши пред да повторно да скокне во лесна категорија и да побара реванш со Махачев.

– Јас одам по сите рекорди, само небото е граница за мене. Перо или лесна категорија? Ќе мора да размислам, но најпрво ќе направам мала операција на раката. После тоа, мислам дека ќе имам уште една борба оваа година. Илија Топурија зборува премногу, ќе одам по него и ќе го разнесам, – порача Волкановски.