недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мајкл Маси ја напушти ФИА

Мајкл Маси ја напушти ФИА

Поранешниот директор на трките во Формула 1, Мајкл Маси ја напушти денеска Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА), соопшти ФИА.

Маси на почеток на оваа година беше сменет од функцијата во Формула 1 поради контроверзите што ја одбележаа последната трка во минатата сезона по која Холанѓанецот Макс Ферстапен ја освои шампионската титула.

Во соопштението од ФИА се наведува дека Маси одлучил да ја напушти улогата во Меѓународната автомобилистичка федерација и да се пресели во Австралија за да биде поблиску до семејството и да се подготовки за новите предизвици.  (МИА)