вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонска гордост: Дејан Георгиевски со златен сениорски медал, го порази најдобрите

Македонска гордост: Дејан Георгиевски со златен сениорски медал, го порази најдобрите

Нашиот  таеквондо мајстор Дејан Георгиевски донесе златен сениорски медал.

Тој Македонија ја направи горда на „Софија опен 2018“ турнирот.

Овој турнир носи бодови за олимписките игри во Токио 2020-та година.

Се бореше во силна конкуренција, во категоријата+87.

Тој во име на Македонија издвои победа врз Србија со Џорџе Марчетиќ 11:4.

Го победи и претставникот на Аргентина, Мартион Сио 11:8, победа издвои над Јордан и Хамза Каттан 11:1, кој беше свестки вицешампион.

Последниот удар го даде во финалето, кога беше поразена Украина и Михаил Шелест со 17:8.

Во категоријата на Деjан имаше борец светска ѕвезда со актуелно сребро од светското првенство во Кореа 2017 Махама Чо од Британија кој денеска беше елиминиран од украинецот Михаил Шелест, а тој во финалето беше поразен од нашиот Дејан.