Македонскиот репрезентативец Гоце Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето на Балканскио тшампионат во Турција со 3:2 во категоријата до 75 килограми. Со оваа победа Јаневски обезбеди најмалку бронзен медал.
Во полуфиналето тој ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен Гонг 2019. Оваа борба е закажана за петок.
Вториот македонски претставник Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција со 5:0 и го заврши настапот на шампионатот.
Утре својата борба од четврфиналето ќе ја има Јасин Љама кој се среќава со Романецот Георге Думитреску во категоријата до 63 килограми.