сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Макс Ферстапен дефинитивно ја одбрани титулата во Формула 1

Макс Ферстапен дефинитивно ја одбрани титулата во Формула 1

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, ја освои својата трета последователна шампионска титула во Формула 1, откако заврши на второто место на спринтерската трка во Катар, зад возачот на „Мекларен“, Оскар Пјастри.

Ферстапен се приклучи на друштвото на Аиртон Сена, Ники Лауда, Џеки Стјуарт и Џек Бребам како трикратни светски шампиони. Повеќе титули од нив освоија Ален Прост и Себастијан Фетел кои имаат по четири,

Хуан Мануел Фанџо пет и Михаел Шумахер и Луис Хамилтон по седум. Холанѓанецот на „Ред Бул“ му ја донесе и седмата титула во конкуренција на возачи, додека австрискиот тим уште порано ја обезбеди титулата кај конструкторите.

Трката за Големата награда на Катар е закажана зав недела од 19.00 часот.