Актуелниот Ф1 шампион, Макс Ферстапен е победник на петтата овогодишна трка која се возеше за Големата награда на Мајами.
Холанѓанецот тргна од деветта позиција, но тоа не му беше пречка да извози како што знае и умее, да ги остави зад себе ривалите и дојде до третото славје во актуелнава сезона или вкупно 38 во кариерата.
Доминацијата на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој заврши како втор, додека одново место на подиумот имаше и за ветеранот Фернандо Алонсо. Ова за Шпанецот беше четврти победнички пиедестал, односно подобар од него кога е во прашање овој учинок е само Ферстапен со пет.
Расел од Мерцедес заврши како четврти по што следуваа Саинц, Хамилтон, Леклер, Гасли, Окон и Магнусен.