Макс Ферстапен победи на денешната хаотична трка за Големата награда на Австралија. Трката беше проследена со три прекини, но и со неколку инциденти на патеката.
Меѓутоа Холанѓанецот би можел да остане без победа на „зелена маса“ откако во Мерцедес поднесоа жалба која ако биде усвоена светскиот шампион ќе заработи казна. Причина за жалбата е грешката на Ферстапен при вториот рестарт на трката.
Во Мерцедес посочија дека Ферстапен не бил добро наместен на линијата за старт, односно бил понапред од дозволеното.
Треба да се потсети, дека за ваков инцидент на трката во Саудиска Арабија беа казнети Фернандо Алонсо и Естебан Окон. Германскиот тим очекува ФИА да го задржи истиот критериум.
Ако Ферстапен биде казнет победата ќе му припадне на Луис Хамилтон кој заврши како второпласиран каде што во таква ситуација ви завршил Фернандо Алонсо.