Холандскиот возач во Формула 1, Макс Ферстапен славеше на спринт трката која денеска се одржа во Австрија.
Актуелниот шампион уште еднаш потврди дека е без конкуренција во Ф1 шампионатот во овој момент, односно дека ривалите едноставно не можат да му застанат на патот.
Ферстапен втора година по ред беше најдобар во спринтот на „Ред Бул Ринг“, поточно за него беше четвртата победа во овој формат.
Зад него беше клупскиот голега од Ред Бул, Серхио Перез, додека трет беше асот на Ферари, Карлос Сајнц од Ферари. Меѓу возачите кои освоија поени на оваа спринтерска трка беа Ленс Строл, Фернандо Алонсо, Нико Хулкенберг, Естенбан Окон и Џорџ Расел.
Трката за Големата награда на Австрија е закажана за в недела во 15 часот.