среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Макс Ферстапен убедлив на трката за ГН на Унгарија

Макс Ферстапен убедлив на трката за ГН на Унгарија

Макс Ферстапен рутински стигна до победа и на трката за ГН на Унгарија, со што само ја зголеми и онака големата предност во генералниот пласман на Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул стартуваше од втората позиција, но уште на стартот го претрка Луис Хамилтон, за подоцна да нема никакви проблеми да ја задржи најпосакуваната позиција на патеката.

Хамилтон долго чекаше на пол-позиција, но неговиот Мерцедес не беше конкурентен на Хунгароринг, бидејќи уште во првиот круг дозволи пред него да излезат Ферстапен и Норис и Пјастри од Мекларен.

Британецот не успеа да избори подиум, за разлика од Серхио Перез кој со одлично возење и квалитетен болид стигна до третото место, зад клупскиот колега Ферстапен и Норис.

Зад Хамилтон се најде Пјастри, а до десеттото место се пласираа Расел, Леклер, Саинц, Алонсо и Строл.