Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Холандија, од овогодишниот шампионат во Формула 1.
Актуелниот шампион на патеката „Зандворт“ пред домашната публика, ја впиша четвртата квалификациска победа сезонава, со време од од 1:10.342 минути.
Верстапен во битката за најдоброто стартно место за 21 илјадитинка беше побрз од Шарл Леклер во Ферари, кој ќе стартува од втората позиција. Вториот возач на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, беше само седум стотинки побавен, а поспектакуларен финиш во квалификациите спречи тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перез, со неговото излетување од патеката.
На крај Мексиканецот е петти, а меѓу двете Ферари и него е Луис Хамилтон во Мерцедес. Трката за Големата награда на Холандија започнува в недела во 15:00 часот.