недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мареј елиминиран уште во првото коло на турнирот во Синсинати

Мареј елиминиран уште во првото коло на турнирот во Синсинати

Французинот Ричард Гаске го совлада британскиот тенисер Енди Мареј со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4 во првото коло на АТП турнирот во Синсинати (САД).

Мечот траеше еден час и 38 минути.

За потсетување, Мареј се опоравуваше во поголемиот дел од минатата сезона по операцијата на колкот. Во пресрет на Австралија опен, тој објави дека заминува од тенис, но по турнирот се премисли и рече дека е подготвен да оди на втора операција за да се врати на тенисот.