Во 2020 година, британскиот тенисер Енди Мареј ќе игра на Грен слемот Австралија опен, објавено е на официјалниот Твитер на турнирот.
За Британецот, ова ќе биде прв Грен слем турнир по операцијата на колкот на која претходно тој беше подложен. Последен пат, тој загуби во првото коло и рече дека ова може да биде неговиот последен натпревар во Мелбурн.
Триесет и двегодишниот тенисер беше подложен на операција во јануари годинава. Тој се врати во тенисот во јуни на турнир во Лондон, каде победи во игра на двојки со Фелисијано Лопез.
На Австралија опен, Мареј играше пет пати во финалето, но никогаш не победи.