четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мареј се врати од 0-2 и по шест часа победи на АО

Мареј се врати од 0-2 и по шест часа победи на АО

Британскиот тенисер Енди Мареј забележа спектакуларна победа на Грен Слем турнирот Австралијан Опен кој се игра на терените во Мелбурн.

Мареј успеа да слави над Танаси Кокиканис, со 3-2 во сетови (4-6, 6-7, 7-6, 6-3, 7-5), во натпревар кој траеше неверојатни шест часа и во кој Британецот успеа да се врати од 0-2 во сетови.

Овој маратонски дуел заврши во раните утрински часови, поточно во 4:05 часот, со победа на Мареј против домашниот тенисер кој беше носен од домашната публика.

Спектакуларен крај на денот на Австралијан Опен. Енди Мареј во следната фаза ќе игра со 24. носител на турнирот Роберто Баутиста-Агут од Шпанија.