Марија Сакари приреди сензација во четвртфиналето на Ролан Гарос, откако успеа да ја победи Ига Швјонтек со 2-0 во сетови 6-4 и 6-4.
Досега безгрешната полска тенисерка која немаше загубен сет во првите рунди, денес немаше решение за расположената колешка од Грција.
Во полуфиналето Марија Сакари ќе се пресмета со Барбора Крејчикова од Чешка, која во четвртфиналето беше подобра од Кори Гауф со 2-0 во сетови (7-6, 6-3).
Првото полуфинале ќе се одигра утре, во него ќе се пресметаат Павличенкова и Зиданшек од 15:00 часот, а час и половина подоцна ќе стартуваат Сакари и Крејчикова.